• Наставно-научниот совет на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на седницата одржана на 30.09.2024 година, формираше Комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатот м-р Анастасија Темелкова, со наслов „ВЛИЈАНИЕ НА КИНЕМАТСКИТЕ ПАРАМЕТРИ ПРИ НАДОЛЖНО РЕЖЕЊЕ СО КРУЖНА ПИЛА“, во состав: проф. д-р Владимир Кољозов (претседател), проф. д-р Зоран Трпоски (ментор), проф. д-р Горан Златески (член), проф. д-р Ѓорѓи Груевски (член) и проф. д-р Младен Фуртула (член).
/преземи труд-pdf/
• На 23.5.2024 година (четврток), со почеток во 12.00 часот во амфитеатар бр.20 на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, кандидатот м-р Бранко Темелковски ќе го брани докторскиот труд со наслов: „ПРОСТОРНИ КОНЦЕПТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА ОД 19 ВЕК И НИВНА ПРИМЕНЛИВОСТ“ под менторство на проф. д-р Владимир Каранаков.
/преземи соопштение/
• На 22.5.2024 година (среда), со почеток во 12.00 часот во амфитеатар бр.20 на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје, кандидатот м-р Елена Јевтоска ќе го брани докторскиот труд со наслов: „ВЛИЈАНИЕ НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА ПРОЗОРЕЦОТ ВРЗ КРАЈНИОТ КВАЛИТЕТ НА ПРОЗОРЕЦОТ И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ“ под менторство на проф. д-р Ѓорги Груевски.
/преземи соопштение/
• Наставно-научниот совет на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на седницата одржана на 25.03.2024 година, формираше Комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатот м-р Елена Јевтоска, со наслов „ВЛИЈАНИЕ НА СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА ПРОЗОРОТ ВРЗ КРАЈНИОТ КВАЛИТЕТ НА ПРОЗОРОТ И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ“, во состав: проф. д-р Нацко Симакоски (претседател), проф. д-р Ѓорѓи Груевски (ментор), проф. д-р Зоран Трпоски (член), проф. д-р Владимир Каранаков (член) и проф. д-р Владимир Кољозов (член).
/преземи труд-pdf/
• Наставно-научниот совет на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, на седницата одржана на 25.03.2024 година, формираше Комисија за оцена на докторската дисертација на кандидатот м-р Бранко Темелковски, со наслов „ПРОСТОРНИ КОНЦЕПТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА ОД 19 ВЕК И НИВНА ПРИМЕНЛИВОСТ“, во состав, во состав: проф. д-р Елена Никољски Паневски (претседател), проф. д-р Владимир Каранаков, (ментор), проф. д-р Владимир Кољозов (член), проф.д-р Ѓорги Груевски (член) и проф. д-р Александар Радевски (член).
/преземи труд-pdf/
• РЕЦЕНЗИЈА на докторската дисертација под наслов „Изработка на уред за мерење и регулација на латералното отстапување на резниот алат кај лентовидни пили трупчарки“, изработена од м-р Ивица Николовски.
• РЕЦЕНЗИЈА на докторската дисертација под наслов „Истражувања на карактеристиките на структурно зајакнати конструктивни фурнирски плочи“, изработена од м-р Виолета Јакимовска Поповска.