ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИИ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР
организира обука на тема
ВОВЕД ВО CNC ПРОГРАМИРАЊЕ - ОСНОВИ НА ПРОГРАМСКИОТ ЈАЗИК 'G-CODE'
Степенот на развој на современата технологија на обработка на материјалите ја наметнува потребата од квалификувана и стручна работна сила. Компјутерското нумеричко управување на машините е претставува технологија којашто е широко применета во индустријата и сe почесто се применува и во нашата земја. Со цел да се задоволи оваа потреба, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер организира обука за изучување на основните принципи на програмирањето на машините со нумеричко управување.
Имајќи ја предвид денешната ситуација, се поставува прашањето за безбедноста на учесниците при одржување на обуката. Од таа причина, донесена е одлука обуката да се одржува по електронски пат, со примена на платформата 'Zoom'. За успешна реализација на обуката предавачите ќе го искористат своето искуство за одржување на 'online' настава стекнато во текот на изминатиот период.
ТЕРМИН НА ОДРЖУВАЊЕ:
втора половина на август 2020 година / прилагодено кон барањата и потребите на кандидатите
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ:
'Online', преку електронската платформа 'Zoom'
ПРОГРАМА НА ОБУКАТА :
ПРВ ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Основни поими од нумеричкото управување на машините
- Дефиниција на нумеричкото управување
- Придобивки од нумеричкото управување
- Видови машини со нумеричко управување
- Геометриски концепт на нумеричкото управување и координати системи
- Структура на NC програма - концепт, формат, блокови |
ВТОР ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Подготвителни функции (G-кодови)
- Дополнителни помошни функции (М)
- Внесување на димензии, избор на мерни единици (G20/G21)
- Апсолутно и инкрементално програмирање (G90/G91)
- Референтни точки
- Брзо позиционирање (G00)
- Линеарна интерполација (G01) |
ТРЕТ ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Контрола на брзината на помест (F)
- Поставување на координатниот систем (G92)
- Кружна интерполација (G02/G03) |
ЧЕТВРТИ ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Функција за контрола на алатот (T)
- Компензација на пречникот на алатот (G41/G42)
- Вградени фиксни циклуси
- Потпрограми |
ПЕТТИ ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Пишување на посложени NC програми
- Верификација на програмата - примена на CNC симулатори
- Управувачки системи (CNC контролери)
- Примена на CAD/CAM системи за CNC програмирање |
ШЕСТИ ДЕН |
17:00 – 20:00 |
- Полагање на завршен испит |
За следење на на обуката неопходно е секој учесник да поседува компјутер со вградена веб камера и микрофон, инсталирана платформа 'Zoom' и стабилна интернет конекција.
Секој учесник на обуката ќе добие:
• материјал за следење на обуката во електронска форма,
• сертификат за посетување и успешно завршување на обуката.
ПРЕДАВАЧИ:
• Проф. д-р Владимир Кољозов,
редовен професор
УКИМ-Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје
• Проф. д-р Зоран Трпоски, редовен професор
УКИМ-Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер - Скопје
ПОСТАПКА И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето на учесниците ќе се врши со пополнување на следната online пријава.
ЦЕНА ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ОБУКАТА :
Цената на чинење за еден учесник изнесува 7.500 денари, со вклучен ДДВ.
За сите информации во врска со обуката, можете да се обратите на електронската адреса: [email protected].
|